Активистите на коалицијата „Сега е време“ со спортска активност во паркот „Сарај“

– Носителот во изборната единица 1 од коалицијата „Сега е време“, Скендер Реџепи – Зејди, кандидатот за пратеник, Абдула Салиу и активисти и поддржувачи на коалицијата „Сега е време“ денеска се дружеа со младите на Алијанса за Албанците и Алтернатива во паркот „Сарај“.

-Младите се потенцијална моќ врз која се гради нашата иднина. Оваа младинска моќ ќе биде гласот на разумот за социјални промени што ќе се случи на 15 јули кај Албанците, рече Реџепи – Зејди.

Кандидатот за пратеник на коалицијата „Сега е време“, Абдула Салиу порача дека активирањето на младите е витална шанса да се донесе промена на 15 јули.

-Вие сте иднината на нашето општество, истакна Салиу обраќајки се кон младите.

Пред младите зборуваше и поранешниот албански фудбалер од Скопје, Ертан Демири, кој истовремено е и кандидат за пратеник на коалицијата „ААА – АА“.

Back to top button
Close