Активни 2 585 ковид случаи, 66 проценти од нив во пет града

 

Во моментов активни се 2.585 случаи на коронавирус во земјата, откако вчера беа потврдени рекордни 243 новозаразени за едно деноноќие.

Од активните случаи, најмногу се регистрирани во Скопје (891), Куманово (186) и Кочани (183). Троцифрен број на заразени има и во Струмица (178), Тетово (149) и Прилеп (134). Другите градови имаат помалку од 100 заразени.

Од скопските општини најалармантно е во Аеродром (144), Центар (142), Карпош (129), Кисела Вода (104) и Гази Баба (102).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.602, бројката на оздравени пациенти е 15.264, на починати е 753.

Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на Ковид -19.

Back to top button
Close