Де Кро: Белгија останува дел од групата европски земји кои сакаат признавање на Палестина

Белгија останува дел од групата европски земји кои повикуваат на признавање на палестинската држава, изјави премиерот Александер де Кро во Претставничкиот дом (Долниот дом на белгискиот Парламент).

Де Кро ја коригираше изјавата на министерката за надворешни работи Хаџа Лабиб, која претходно во неделата рече дека на последниот состанок на Европскиот совет, премиерот одлучил да ја отстрани Белгија од групата европски земји кои сакаат да ја признаат Палестина. Групата е предводена од Шпанија, а во неа се Ирска и Словенија. Таа сака да покрене поширока иницијатива поддржана од цела ЕУ.

Де Кро настојува Белгија да остане членка на групата. Сепак, тој додаде дека Белгија не ја потпишала заедничката декларација на групата на последниот самит на ЕУ. Министерството за надворешни работи соопшти дека токму тоа е ставот што министерката сакала да го искаже.

 

 

 

Back to top button
Close