Албанија: Пратениците насилници исклучени од парламентот од 10 дена до два месеца

 Секретаријатот за етика при албанскиот парламент донесе одлука, со која, пратениците кои предизвикаа хаос во салата и запалија столици пред собраниската зграда, ги исклучи од работата од 10 дена до два месеца.

Два месеца  вон Собранието ќе бидат Фламур Нока, Газмент Барди и Бледион Налбати. За пратеникот Еди Палока оваа казнена мерка е 10 дена, додека други 20 се исклучени на 40 дена.

За тој период тие нема да добијат плата.

Одлуката е донесена денеска, по барање на пратеничката група на социјалистите да се преземат дисциплински мерки против нив, поради тензиите и насилството создадено на собраниската седница во понеделникот од страна на демократските пратеници, во знак на незадоволство од  едногодишната затворска казна за нивниот сопартиец, пратеникот Ервин Салиањи, чиј адвокат денеска поднесе жалба до Врховниот суд.

И денешниот состанок на Советот за етика беше проследен со хаос и тензии предизвикани од опозициските  пратеници.

Генералниот секретар на ДП Фламур Нока во изјава за медиумите потврди дека граѓанската непослушност ќе продолжи

Back to top button
Close