Албанската Влада инкасирала 475 милијарди лека за 10 месеци, влијаело поскапувањето


Високата инфлација донела повеќе пари во државниот буџет на Албанија, потврдуваат податоците на Министерството за финансии, според кои во периодот јануари-октомври се собрани 475 милијарди лека (околу 4 милијарди евра) или 60,6 милијарди лека повеќе, споредено со истиот период минатата година.

На растот на приходите влијае и растот на цените, бидејќи само ДДВ-то на увозот за десет месеци изнесува 128,9 милијарди, што е зголемување за 25,4 милијарди лека во однос и истиот период лани.

Исто така и приходите на име акциза се остварени во износ од 43,9 милијарди лека или 1,5 милијарди повеќе од 2021 година.

Според податоците на Министерството за финансии, приходите од данокот на добивка се во износ од 36,7 милијарди лека или 34,3 отсто повеќе во однос на споредбениот период.

Но, показателите за јавните инвестиции се различни. Според Министерството јавните инвестиции бележат помала реализација за околу 30,6 отсто во однос на пред една година.

Државниот буџет има постигнато најдобри показатели во последните години во однос на наплатата. Но, според експертите, доколку инфлацијата се стабилизира, првото нешто каде што ќе се нанесе удар ќе биде државната каса.

Во текот на месец октомври, инфлацијата во земјата достигна 8,3 отсто што е највисока забележана по повеќе од две децении. Прогнозите според Централна банката на Албанија се дека високото ниво на инфлација ќе продолжи и во последните два месеца од годинава

Back to top button
Close