Албанскиот специјален суд и обвинителство ќе ги обезбедува Националната гарда

За безбедноста на Специјалниот суд и Специјалното јавно обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) ќе се грижат припадниците на албанската Национална гарда.

Во одлуката на Владата, која стапува во сила по објавувањето во службен весник стои дека „службите на државната полиција ќе бидат заменети со припадници на националната гарда“.

Ваквиот чекор на Владата се поврзува со започнатата истрага што Специјалниот суд ја побара од СПАК за 20 лица кои моментално живеат во Албанија, а се осомничени дека се дел од терористичка келија.

Припадници на Гардата веќе ги обезбедуваат двете институции за ветинг (проверка ) формирани по реформите во правосудството, Независната квалификациска комисија и Специјалниот апелациски колегиум.

Станува збор за поранешни членови на иранската муџахединска организација кои се отцепиле од оваа организација и кои сега се осомничени дека извршувале забранети активности на територијата на Албанија во име на Терористичката организација на Револуционерната гарда на Иран и тамошните тајни служби.

Претреси во нивните живеалишта беа извршени на 14 минатиот месец а ден потоа се случија кибернападите врз онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници, кои вон функција беа три недели.

Зад кибернападите врз е-Албанија, како што деновиве објави „Мандиант“ водечка американска компанија, која се занимава со прашања од областа на кибербезбедноста, стојат проирански хакери а деновиве во Тирана пристигна група на ФБИ и се вклучи во истрагата.

Припадници на гардата веќе ги обезбедуваат Независната квалификациска комисија и Специјалниот апелациски колегиум, две институции за ветинг (проверка ) формирани по реформите во правосудството.

 

 

 

Back to top button
Close