Алиев нема да оди во Шпанија на разговори со ЕУ


Илхам Алиев, претседателот на Азербејџан, се налути на француската влада и нема да патува на состанокот под покровителство на Европската унија и на средбата со премиерот на Ерменија, кој потврди дека сепак ќе оди на состанокот, јавија денеска локалните медиуми.

Алиев размислуваше за учество на петпартитниот состанок в четврток во Гранада, Шпанија со лидерите на Франција, Германија, Ерменија и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Петмината треба да разговараат за иднината на регионот Нагорно-Карабах, врз кој Азербејџан презеде целосна контрола со брзата воена операција на 19 септември, и треба да ги обноват мировните преговори меѓу Азербејџан и Ерменија.

Повикувајќи се на неименувани извори, азербејџанската новинска агенција АПА јави дека Алиев нема да оди, што неговиот кабинет официјално не го потврди.

Според АПА, Алиев сакал Турција, сојузник на Азербејџан, да биде на состанокот, на што се спротивставиле Франција и Германија.

Официјален Баку особено ја обвинува Франција дека зазеде „проерменска позиција“ и одлучи да го снабди Ереван со воена опрема, сметаат аналитичарите

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close