Можеби ќе ве интересира
Close
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска потврди дека во здравствениот систем постојат сериозни административни пропусти кои овозможуваат злоупотреби со дополнителното работно време. Сепак, Алиу децидно одби да соопшти имиња на доктори или клиники, нагласувајќи дека целта на Министерството е да го поправи системот, а не да прави јавен спектакл кој дополнително ќе ја урне довербата кај граѓаните.
Министерот најави дека на ЕНЕР веќе се поставени законски измени кои ќе ги лимитираат „лабавите“ правила кои досега се злоупотребувале.
„Свесни сме дека имаме проблем и тоа е првиот чекор кон негово решавање. Законите мора да бидат прецизни и да не нудат простор за никаков тип на злоупотреба, без разлика дали е намерна или ненамерна“, истакна Алиу.