Алкалоид со убедлива победа во дербито на почетокот на Државното шаховски првенство
Почетокот на 31. издание од Македоснкиот шаховски шампионат за 2023 година помина во знак на Алкалоид кој во дербито славеше победа над Гамбит Ассеко Сее со 4,5:1,5.
Минатогодишните вицешампиони ШК Прилеп со 4:2 го совладаа новиот член во елитното друштво, ШК Шкупи од Скопје, додека, пак, ГШК Куманово 1 ја имаше најубедливата победа на денот со 5:1 над ШК Ан Пасан од Шипковица.
И вториот новак, ШК Пелагон, на почетокот беше поразен од ШК Гостивар со 4:2.
Турнирот се игра во хотел „Метропол“ во Охрид, а предвидени се седум кола.