АЛО, БУДАЛО
Најголемиот пораз за СДСМ е кога пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на пратенички прашања во Собранието ќе го прашаат премиерот Димитар Ковачевски зошто не презема ништо против ДУИ и кога ќе се заканат дека кога тие ќе дојдат на власт ќе ги апсат криминалците од сегашната власт.
Па зарем овој Али Ахмети, чијшто внук сега купува трговски центри низ Скопје на 25-годишна возраст, не е истиот Али Ахмети со когошто владееше Груевски: Ееееј, ВМРО да те обвинува за криминал. Што дочека СДСМ!? Партијата што 11 години со истото тоа ДУИ ја искраде државата до најмалата општина, ги зароби државните институции, нелегално прислушуваше илјадници граѓани и на крај насилно го нападна Собранието и никогаш не се извини за тоа, сега да им се заканува на СДСМ дека кога ќе доје на власт ќе ги апси.
И згора на тоа, ќе се појави Артан Груби на телевизија и во контекст на ставањето на Рамис Мерко на црната листа на САД поради корупција ќе рече: „Антикорупциската комисија не ја бива. Немаат ниту еден единствен успешен случај и се надевам дека идниот состав ќе бидат поуспешни“.
Ова не е цинизам. Ова е баш онаа ситуација кога ти се чудиш како на соговорникот не му срам тоа што ти го зборува, а тој те гледа во очи и ти вика: Ало, будало!
Исто како што власта нè прави будали кога вика дека „институциите треба да постапуваат во случајот со струшкиот градоначалник Рамис Мерко и со внукот на Али Ахмети, Дритон“.
Кои институции? Па тоа сè е измешано, вујковци, чичковци, браќа, сестри, ќерки, синови, снаи, баџанци… Кој во Судски совет, кој во Врховен суд, кој во Обвинителство, кој во Академија за судии, кој претприемач, кој имал идеи за бизнис… Не знаеш кој чиј брат е, на која мајка која ѝ е сестра… Единствено се знае кој од чие партиско тефтерче се нашол во тие институции.
Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК






