АЛО, СОФИЈА

Не можам да го сфатам сериозно ЕУ амбасадарот Дејвид Гир, а и другите амбасадори на земји членки на ЕУ во земјава, кога ни кажуваат „Од вас зависи дали ќе станете членка на ЕУ“.  Не е така. Рековте дека од нас зависи кога го сменивме името, па после излезе дека не зависело од нас.

Ич не си го трошете муабетот. Се виде дека не зависи од нас. Зависи од вас. Тоа се виде дека кога сакате да завршите работа знаете и Румен Радев како да го прескокнете за тајно да се испрати бугарска воена помош за Украина.

Кај сме жртва на моќен непријателски сосед кој не го признава ни македонскиот народ, ни македонскиот јазик, кај уште и ние кабает за тоа ќе излеземе. Исто како што Путин зборува за Украина како братска земја, а не го признава украинскиот народ и украинскиот јазик.

Што зависи од нас, кога ЕУ прифати официјална политика на земја-членка која вели македонски народ не постои, македонски јазик не постои?

Па и амбасадата на САД во изјава за 360 Степени, осудувајќи ја изјавата на бугарскиот европратеник Александар Џамбаски, повика на „деескалација на секој агресивен јазик на двете страни на границата“.

Каде видоа Американците „агресивен јазик“ од оваа страна на границата? Сите државни институции и функционери го осудија нападот, болницата го згрижи натепаниот, полицијата го фати тепачот, обвинителството побара притвор, државата го пушти осомничениот за поседување кокаин да се лекува во странство… Бујар Османи ли беше агресивен кога отиде во Софија да го посети претепаниот охриѓанец? Претседателот Пендаровски ли беше агресивен кога не го ни спомена името на европратеникот за кој предложил да се прогласи за персона нон грата? Премиерот Ковачевски ли беше агресивен со некоја изјава, толку атрактивна, што ни цитат за вест не можеш да извадиш? Вицепремиерот Маричиќ ли беше агресивен кога се јави од скринингот во Брисел со фразите за европските вредности?

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК

Back to top button
Close