АМАН, ПАК ЛИ ТИ?
Нека извини Шведска, нека извини Норвешка, а богами и Данска.
Нека извини Шведска, нека извини Норвешка, а богами и Данска, ама премиерот Христијан Мицкоски вели дека „покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба“.
Мицкоски вели: „Покажавме и докажавме дека можеме многу подобро да ги управуваме институциите и Општините од многу европски земји и голем број од нив се дел од Европската Унија“. Тоа го кажа само месец и пол по трагедијата во Кочани со 62 жртви, предизвикана токму од корупција и непостапување на цела низа институции, од локалната полиција, преку општинските служби до државните министерства и инспекторати.
Нека извини Шведска, нека извини Норвешка, а богами и Данска, ама ние гордите македонски граѓани секој ден, само што ќе излеземе од дома, додека стигнеме до работа не можеме да се изнауживаме во скандинавски уредените општини, менаџирани од скандинавски освестени градоначалници. Кога ќе се качиш во градски автобус, не знаеш дали си во Стокхолм или си во Скопје. Кога ќе седнеш на плажа во Охрид, не знаеш од водата дали ќе излезе некоја стара машина за перење како статуата на Малата Сирена во Копенхаген. Со волонтери го чистиме од ѓубре Аквадуктот во Скопје од шести век, што е многу постар заштитен споменик од многу споменици во Норвешка. А персоналот на Шведската амбасада во Скопје, откако е отворена скоро 30 години, го чисти ѓубрето сегде кај што треба, без разлика дали на власт е СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Неселективно, најскандинавски.
Сите споменици на културата и национални паркови се реставрираат и се заштитуваат со странски донации. Што е прилично скандинавско менаџирање на институциите.
Најскандинавски е, кога граѓанин ќе се јави во Општина или инспекција да пријави неправилност, да му одговорат дека тоа не е во нивна надлежност. Најскандинавски е и кога во полиција ќе пријавиш семејно насилство да ти одговорат: Аман бе, пак ти? Ајде, ќе се смирите.
Во Скандинавија граѓаните се охрабруваат да бидат одговорни. Ова, нашево, македонско скандинавство те обесхрабрува да бидеш одговорен граѓанин, да пријавуваш неправилности и да бараш од институциите што ги плаќаш да си ја вршат работата. Правдата е на твоја страна, ама институциите не се
Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.МК