ВИДЕО: Американците револтирани од снимката на наставник како претепува ученик

Наставник (27) претепал ученик кој наводно го навредувал на расна основа, а инцидентот се случил пред очите на другите ученици во училиштето Валеи во Лас Вегас.

Во вознемирувачкото видео е снимено како наставникот му удира шлаканици на ученикот, па го фрла на земја и го клоца пред насобраните средношколци.

Според првичните информации, ученикот во повеќе наврати го го навредувал наставникот на расна основа.

По нападот ученикот бил примен во болница каде се уште е таму поради повредите со кои се здобил во нападот.

Наставникот, меѓу другото, е обвинет и за нанесување тешка повреда и бил пуштен со кауција од 9.000 долари, а судењето е закажано за подоцна

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close