Американецот Нотиџ нов кошаркар на Работнички

Македонскиот кошаркарски прволигаш Работнички ги засили своите редови за новата сезона со американскиот 27-годишен плејмејкер Ерик Нотиџ.

Новото засилување во редовите на скопскиот клуб доаѓа од швајцарски Лајонс каде во просек постигнуваше по 10.9 поени по натпревар, додавајќи 6.1 скокови и 4.6 асистенции.

Претходно во кариерата американскиот кошаркар настапуваше за романскиот прволигаш Динамо Букурешт, а претходно за францускиот Антиб.

Back to top button
Close