Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Леоне Четиринаесети
Американецот Роберт Франсис Превост е избран за нов папа и го одбра името Лав XIV, соопшти кардиналот Доминик Мамберти пред собраните верници на плоштадот „Свети Петар“.
Тој само што излезе на балканот, облечен во белост, на радост на мноштвото верници.
Превост (69), е роден во Чикаго, Илиноис, САД. Префект на Дикастеријата за епископи. Тој бил на мисии во Перу и многу добро ја познава ситуацијата во таа земја.
Белиот чад од Сикстинската капела попладнево го означи изборот на новиот лидер на 1,4 милијарди католици ширум светот.
Според кардиналот Џузепе Версалди, изборот на новиот папа во само четвртиот круг на гласање е „јасен знак на единството во Црквата“.
– Новиот папа беше избран дури и побрзо од неговиот претходник, изјави Версалди (81), потсетувајќи дека папата Франциск беше избран во 2013 година по два дена и пет круга гласање.
На плоштадот „Свети Петар“ одекнува радосното скандирање „Viva il papa“ („ Да живее папата“), додека оркестарот свири под балконот на базиликата. Мноштвото верници спонтано аплаудира, искажувајќи воодушевување за новиот поглавар.
Папата Лав XIV се очекува наскоро да се појави на балконот, познат како Лоџа на благословите, за да го даде својот прв благослов „Urbi et Orbi“ – „За градот и светот“.