Американски медиуми: Договорена е американско-украинската средба

Високи претставници на администрацијата на Трамп следната недела ќе отпатуваат во Саудиска Арабија за да се сретнат со украинските претставници, јавија Фокс њуз и Аксиос.

Средбата ќе се одржи в среда, објави Аксиос, повикувајќи се на два неименувани извори.

– Американскиот државен секретар Марко Рубио и други заминуваат за Ријад во вторник, а Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ќе учествува на состанокот од украинска страна, јави и Фокс њуз.

На 18 февруари во Ријад се одржа американско-руска средба.

САД ги претставуваа државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф. Руската делегација ја предводеа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и претседателскиот советник за надворешна политика Јуриј Ушаков.

Back to top button
Close