Аморим: Нема изговори, мора да го победиме Евертон

Иако Манчестер Јунајтед има малку време да се подготви за првиот натпревар на „Олд Трафорд“ под водство на новиот менаџер Рубен Аморим во Премиер лигата, Португалецот верува дека тимот нема да има оправдување доколку не го победи Евертон во недела.

Додека тимот на Ливерпул имаше цела недела да се подготви за натпреварот, Јунајтед играше вчера во Лига Европа и славеше над Бодо/Глимт со 3-2.

-Таква е ситуацијата. Ќе ротираме играчи и ќе бидеме подготвени. Против Бодо/Глимт искористивме четири замени за да бидеме свежи. Знаеме дека ќе биде така и немаме оправдување. Мораме да бидеме подготвени за недела и да победиме, рече Аморим.

Португалскиот тренер започна со реми со Ипсвич (1:1), откако тимот е на 12. место. Евертон се наоѓа на 15. позиција, два бода над зоната за испаѓање.

-Очекувам победа. Ќе биде поинаков натпревар, со многу борба, долги топки, втори топки. Имаат квалитетен тренер кој го разбира првенството и противниците. Мораме да играме со топката бидејќи имаме малку време да се опоравиме и мора да направиме промени во составот. Сакам да видам различни работи од тимот, да се подобриме како што правевме од Ипсвич до денес, се надева тој.

Тој исто така изјави дека се надева дека ќе ги види играчите на Јунајтед во подобра кондиција.

-Тие се многу добри играчи, треба да веруваат и да ги покажат своите квалитети, изјави Аморим.

Еден од играчите кој го импресионирал е неговиот сонародник Диого Далот.

-Тој е одличен играч. Може да игра на двете страни, што е совршено. Живее за натпреварите, рече менаџерот.

Лени Јоро сè уште чека да дебитира за Јунајтед откако заработи фрактура на стапалото во предсезоната. Тој веќе тренира и има шанси да игра пред Нова година

Back to top button
Close