Анџелина Џоли го обвини Пит дека физички ја малтретирал неа и децата: Беше агресивен не поливаше со вино и пиво

Џоли (49) постигна значајна правна победа против нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, откако судијата одлучи дека Пит мора да предаде документи и преписки со кои може да се докаже дека тој ја малтретирал неа и нивните деца.

Судот му наредил на Бред Пит да ги предаде сите комуникации што ги имал со неговата поранешна сопруга, почнувајќи од времето кога Анџелина Џоли го обвини дека го малтретирал синот Медокс во приватен авион непосредно пред нивната разделба во 2016 година.

„Се започна порано“

Холивудската актерка претходно го обвини Пит (60) дека во истиот авион ја полил со црвено вино и пиво неа и едно од нивните шест деца. Пит постојано ги негираше наводите за злоупотреба.

Сепак, Анџелина Џоли е категорична дека неговата „историја на физичко малтретирање започнала многу пред“ инцидентот во авионот.Таа сега побара од судот да го принуди Бред да открие детали за нивната комуникација помеѓу 14 септември 2016 година и 31 декември 2018 година. Тоа вклучува е-пошта, пораки и друга писмена комуникација, но не и кореспонденција што ја имал со своите адвокати или терапевти. Адвокатите на Анџелина тврдат дека доказите за комуникацијата ќе откријат „злоупотреба, лаги и долгогодишно прикривање“ од страна на Пит.

Од друга страна, адвокатскиот тим на Бред побарал барањето да биде одбиено, велејќи дека е премногу опширно и ја нарушува неговата приватност. Тие ова барање го нарекоа „сензационалистичко ископување информации без вистинска цел“.

Да потсетиме, поранешните сопружници и тогашната златна двојка на Холивуд, по подолг период, истовремено се појавија на настан, иако на церемонијата биле на одредена дистанца затоа што Анџелина инсистирала на тоа, пренесуваат странските медиуми. Во август оваа година Бред дошол во Венеција со својата девојка Инес Де Рамон, додека Анџелина се појавила сама, но, како што тогаш се шпекулирало, во хотелот каде што престојувала била придружувана од помлад маж.

Back to top button
Close