Ана, придружниот вокал на ДНК е ќерка на легендарниот Кире Костов: Со Сара беа неразделни повеќе од две децении
Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК и професорка во средното музичко училиште е во стабилна состојба и на домашно лекување по пожарот во Кочани.
Талентираната млада жена, која со децении наназад пее придружни вокали на многу познати музичари, и е позната на јавноста многу одамна. Ќерка е на легендарниот композитор Кире Костов, кој почина пред две години, а нејзина мајка е професорката по пијано, Кармен Костова.
Зaедно со професорката Сара Пројковска, која го изгуби животот во трагедијата, повеќе од две децении се дружат приватно и професионално и биле дел од бројни концерти, како придружни вокали. Нивната дружба започнала уште од средношколските денови.
Двете заедно, пред две години на концертот во чест на татко и Кире Костов, ги пееја придружните вокали на неговите песни, а семејството доби благодарница за трудот на легендарниот композитор.
…