АНАЛИЗА: И на економијата ќе и треба “вакцина” – во 2021 та одлепување од “дното”

Владата најавува нов, петти по ред пакет мерки за поддршка и ублажување на последиците од Ковид 19, економистите очекуваат дека од сегашната рецисија ќе преминеме во “позитива”, бизнисот предочува дека економските движења ќе зависат од темпото со кое Македонија ќе ја спроведе вакцинацијата, пишува “Порталб“.

Ќе излеземе од рецесија, но ризиците остануваат …  

“Кризата нема да заврши бргу и ќе потрае” – ова е една од оценките кои доминираат кај бизнисмените од Стопанската комора на Македонија. Во анализата посветена на “Постковид периодот” се наведува дека опоравувањето ќе дојде, но дека ранливоста на приватниот сектор ќе преовладува и во новата 2021 -ва.

“Можен неповолен тек на настаните. Постојната економска криза има и свое непосакувано, неповолно можно сценарио. Во тој случај, последиците за определени индустриски гранки ќе бидат сериозни. Сѐ повеќе компании ќе го намалуваат производството и ќе се затвораат. Со тоа ќе се зголеми невработеноста, ќе се намалат приливите на буџетот, ќе се зголемува сиромаштијата и ќе се намали можноста за помош од државата таму каде што е потребно” – се навдува во истражувањето “Македонската економија во тековниот период и во постковид 19 периодот” , при што се посочува дека во ова сценарио први на удар ќе бидат помалите, а потоа и поголемите фирми.

Иако банкарскиот сектор остана ликвиден и солвентен, бизнисот предочува дека постојат ризици за ликвидноста на фирмите, па така се наведува:

“Ударот на пандемијата врз ликвидноста на компаниите и врз населението неповолно ќе се одрази врз нивната способност да ги сервисираат навреме и во целост доспеаните обврски спрема банките”.

Дел од економистите велат дека и покрај сите ризици, следната година се очекува економијата да излезе од рецесија, но со какво темпо заздравува, ќе зависи од вакцинацијата – која се смета како клучна брана во спречување на ширење на Ковид 19 .

“Кај нас се зборува за вакцинација во текот на март. Развените земји веќе почнаа со процесот на вакцинирање. Економијата ќе зависи токму од овој процес, односно почетокот на оправувањето. А заздравувањето нема да се случи веднаш, но под претпоставка дека вакцинацијата ќе започне наскоро, а со тоа во некој разумен рок би се стекнале со колективен имунитет, тогаш би можеле да зборуаме за опоравување некаде во вториот квартал” – вели професорот Марјан Петрески.

Опоравувањето на европските економии ќе донесе позитвни сигнали и за македонската , особено за странските фирми кои работат за странските пазари.

“Странските извозници очекуваат оживување на растот на приходите и на профитабилноста во наредниот период, додека тоа не е случај кај домашните извозници. Трудоинтензивните се повеќе погодени и очекуваат побавен раст во наредниот период, додека оние што се технолошки поразвиени можат побрзо да се вратат во наредниот период.” – оценува  Бојан Србиноски, Фајнанс тинк.

Според бизнисмените следната 2021 ва ќе бидат потребни  нови извори за финансирање на фирмите, поволни кредитни линии кои ќе бидат за вложувања и развој, освојување на нови пазари, но и инвестиции во технолошки развој. Од Стопанската комора сметаат и дека треба да се отвори Фонод за иновации за големите комапнии, да се посегне во сферата на даночни и царински олеснувања, да се мобилизираат сите државни ресурси за реализација на капиталните инвестции – а со тоа и за мобилизација на домашните фирми во нивната реализација.

За помош на приватниот сектор Владата најави петти по ред пакет на мерки.

“Следната 2021 година треба да биде година на економско заздравување. Во светот преовладува оптимизмот во врска со имунизацијата, која би спречила нови бранови на вирусот и нови затворања на економиите. Се очекува закрепнување на инвестициите, на потрошувачката и надворешната побарувачка, при што е проектиран раст од 4,1%. Очекувањата се дека извозот ќе забележи раст од 14%, бруто-инвестициите раст од 7,7%, приватната потрошувачка реален раст од 3,5%, јавната потрошувачка од 4,3%” – се обрати министерот за финансии Фатмир Бесими.

Според новите прогнози, растот во следните години ќе се удвојува, а јавниот долг ќе се консолидира.

Back to top button
Close