Анализа на „Градска“: Колку им изнесуваат новите плати на скопските градоначалници?
Без да им се пресмета стаж, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовка зема плата од 117,704 денари, додека градоначалниците на општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Чаир земат по околу 108,160 денари без пресметка на стаж, износ кој е различен кај секого.
Во Скопје најмала плата од 85,892 денари земаат градоначалниците на руралните општини, Сопиште и Зелениково, покажува анализата на градска.мк
Коефициентите за утврдување на платите на градоначалниците на општините и за градоначалникот на град Скопје изнесува од 2,70 до 3,70 овие коефициенти се множат со просечната нето плата од претходната година а во 2022 година изнесува околу 31.000 денари.
Според Закон за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во републиката, коефициентите за градоначалниците се определуваат според бројот на жителите и тоа:
– за градоначалник на општина до 10.000 жители, коефициент 2,70;
– за градоначалник на општина од 10.001 до 25.000 жители коефициент 2,90;
– за градоначалник на општина од 25.001 до 50.000 жители, коефициент 3,20 и
– градоначалник на општина со над 50.000 жители коефициент 3,40
Според последниот попис на населението и домаќинствата спроведен од Државниот завод за статистика, општината со по бројно население во Градот Скопје е општина Аеродром (77 735), Општина Гази Баба (69 626), општина Карпош (63 760), по тоа општина Чаир (62 586), општина Кисела Вода (61 965 ) општина Центар (43 893), општина Ѓорче Петров (44 844) , општина Бутел (37 968), општина Сарај (38 399), општина Шуто Оризари (25 726), општина Студеничани (21 970), општина Илинден (17 435) општина Арачиново (12 676), општина Сопиште (6 713) општина Зелениково (3 361).
Пресметувајќи го коефициентот кој со закон е определен според бројот на жители, може да се види дека најголема плата од гореспоменатите градоначалници без да им се пресмета стажот, зема градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска околу 117,704 денари.
Додека градоначалниците на скопските општините, Аеродром, Гази Баба, Карпош и Чаир со нај голем број жители, без да им се пресмета стаж земаат плата за околу 108,160 денари.
Градоначалниците на општините Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај и Шуто Оризари според пресметките со нивниот коефициент од 3,20, платите без да им се пресмета стаж, им се покачиле на 101,798 денар.
Градоначалниците со по мало население како Илинден, Студеничани и Арачиново земат плата пресметано со коефициентот 2,90 и според новото калкулирање без да им се пресмета стажот земат плата од по 92,254 денар.
Нај мала плата земат градоначалниците на Сопиште и на Зелениково, општини со нај мал број на население со тоа и коефициентот за пресметка на плата и е нај мал во однос со другите градоначалници односно 2,70, а нивните плати изнесуваат околу 85,892 денар без пресметка на стажот кој е различен кај секого во зависност од годините на стаж.
извор: градска