Анчелоти: Модриќ е лидер на Реал, тој го постигна најважниот гол за Селта

epa09704655 Real Madrid’s Luka Modric in action during a Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and Elche at Santiago Bernabeu stadium in Madrid, Spain, 23 January 2022. EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, ја пофали играта на Лука Модриќ во победата синоќа на гости кај Селта  со 4:1.

Модриќ го постигна вториот и аиситираше при третиот гол за „кралскиот клуб“.

– Лука Модриќ е фантастичен лидер за нас. Го постигна најважниот гол на натпреварот бидејќи тој гол ни донесе предност. После тоа беше малку полесно. Селта потроши многу енергија во првото полувреме. Се обидуваме да се држиме до формација 4-3-3, но вистина е дека Валверде не е крилен напаѓач. Кога игра Родриго, појасно се гледа функционирањето на оваа формација, изјави Анчелоти.

Реал за прв пат по 2018 година ја почна сезоната со две победи. Во првото коло беше совладана Алмерија со 2:1.

Сепак Реал сезоната 2018/19 ја заврши на третото место, зад Атлетико и Барселона. Минатата сезона ја започнаа со победа и нерешено, 2020/21 со нерешено и победа, а во сезоната 2019/20 со победа и нерешено.

Back to top button
Close