Андоновски во врска со вработувањата на неговите татко и брат : Горд сум на фамилијата, татко ми го заслужи ова место после 35 години работа

Тој рече дека СДСМ шири лажни вести и дека на ниту еден начин тоа не е поврзано со неговиот ангажман.

„Ретко имам можност да зборувам за моето семејство, и јас сум горд на моето семејство, особено на она што го имаат изградено моите родители. После 35 години во одбраната на државата, честа беше укажана да биде советник на национална безбедност на премиерот, и тоа е валоризација на она што го има сработено 35 години, и на ниту еден начин не е поврзано со мојот ангажман. Во другиот дел гледам дека СДСМ се вратија назад, и шират лажни вести. Вадењето на имиња и презимиња во јавност се смета за нарушување на нивната безбедност. Мојот брат е магистер за кривично право, 10 години вработен во таа агенција, кој зборува неколку јазици, и сум исклучлително горд, и не напредуваше во кариерата, додека напредуваа луѓе кои вчера беа вработени. Не постои ниту една дамка кон моите родители“, рече Андоновски.

Back to top button
Close