Јаневски: Четири национални паркови, над 4000 археолошки локалитети, 43 езера, 15.000 километри велосипедски и планински патеки, 1200 села е само мал дел од она што можеме да го покажеме
„Четири национални паркови, повеќе од 4000 археолошки локалитети, 43 езера, 75 отсто земјена површина со благи планини, 15.000 колометри велосипедски и планински патеки,1200 села, 350 манастири, 1200 цркви, 600 џамии, неколку синагоги, тоа е само мал дел од она што можеме да го покажеме, “истакна директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски за ona.telegraf.rs, на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Тој се осврна и на Првата светска војна и македонскиот фронт, историја која треба да биде лекција. Како и дека, ако се слави историјата и денешницата може да се креира иднината.
„Очекувам, до крајот на 2025 година, македонскиот туристички сектор да ги подобри резултатите и да се приближиме на бројката од 4000 ноќевања, да ја направиме дигитализацијата, подобро да се поврземе, и заедно со колегите од туристичките организации од Србија и Албанија зборуваме за заедничко претставување и проекти на трети пазари, а на туристичките тур оператори им дадеме повеќе можности,“ истакна Јаневски.
Тој изрази уверување дека со 2023 година ќе се постигне резултатот од половина милијарди евра од туризмот. Што е скок од над 20 отсто од претходната година.