Ангеловски поднесе оставката на клупата на Еурофарм Пелистер
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранимир Ангеловски поднесе оставка по вечерашниот пораз на актуелниот македонски првак на гостински терен од Алкалоид во 8 коло во Суперлигата.
„Бранислав Ангеловски си поднесе оставка од функцијата прв тренер на Еурофарм Пелистер. Среќно понатаму Бранко, ти благодариме за се“, објави кратко Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи.
Ангеловски ја напушти клупата на битолскиот состав, откако неговиот состав загуби убедливо од Алкалоид со 32-25 на гостувањето во Скопје, што за Еурофарм Пелистер е втор пораз сезонава во македонската Суперлига,
Алкалоид води на табелата со максимални осум победи од исто толку натпревари, додека Еурофарм Пелистер е четвртопласиран со 12 бодови. ег
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук