Анкета: Разликата во рејтингот меѓу Нова демократија и СИРИЗА намалена на 4,7 отсто


На 4,7 отсто е намалена разликата меѓу Нова демократија и СИРИЗА според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од „Metron Analysis“ за телевизијата „Мега“, прво откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го соопшти датумот за избори во земјата.

Владејачката Нова демократија и понатаму е со најголем рејтинг во споредба со останатите партии, со 26,2 проценти, СИРИЗА е втора со 21,5 отсто, а трета е ПАСОК– Движење на промена (9,4 проценти).

Во однос на претходното истражување од истата компанија спроведено на почетокот на месецов, Нова демократија загубила 0,1 отсто, а СИРИЗА добила еден процент плус.

Пораст на рејтингот има и партијата Грци национална партија, на поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна за формирање и учество во криминална организација.

Според резултатите, радикално десничарската партија со 3,8 проценти обезбедува место во Парламентот.

Речиси еден од пет Грци (19,5 отсто), се во т.н. сива зона, односно или не одговориле на прашањето за кого би гласале, или рекле дека сè уште немаат одлучено или нема да излезат на гласање или пак нивното гласачко ливче ќе биде неважечко.

На прашањето дали сакаат промена или продолжение, 63 отсто од анкетираните одбрале промена, додека пак поделено е мислењето за тоа дали се за еднопартиска или коалициска Влада.

Коалициска Влада поддржуваат 49 отсто од испитаниците, а 48 проценти се за еднопартиска Влада.

Истражувањето на „Metron Analysis“ за телевизијата „Мега“ било спроведено од 22 до 28 март, со анкетирани 1.306 лица.

Парламентарните избори во Грција, како што веќе соопшто грчкиот премиер, ќе се одржат на 21 ма

Back to top button
Close