Анкета Телма/МЦМС: Заев убедливо пред Мицкоски, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во „мртва трка“ за поддршка, Левица во подем

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја има поддршката од 39,7 отсто, додека неговиот главен конкурент, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го поддржуваат 28,3 отсто од граѓаните, покажува анкетата што ја спроведе агенцијата „М проспект“ за Телма и МЦМС, овој месец, која меѓудругото, го мери и рејтингот на лидерте на двете најголеми партии во земјава.

Заев ја нема довербата кај 59,4 отсто од испитаниците додека, Мицкоски не го поддржуваат 70 отсто од испитаниците.

Анализата на Телма и МЦМС покажала дека недоверба во Мицкоски има и кај останатите етнички заедици, посебно кај Албанците, а ниска доверба за Мицкоски има и кај гласачите и од другите партии од опозицијата, со кои Мицкоски сака да соработува.

Прашањето, за кого би гласале доколку утре има избори, покажува дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се во „мртва трка“ за гласови, со 18,6 осто поддршка за СДСМ и 18,1 ото за ВМРО-ДПМНЕ.

Но, подем има кај Левица за која се изјасниле 6,2 отсто од испитаниците во ова истражување.

Back to top button
Close