Анкета: Значителен пад на рејтингот на Трамп во првите сто дена

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп значително се намали во првите 100 дена од неговиот мандат, покажуваат резултатите од најновата анкета на Си-ен-ен (CNN).

Само 41 отсто од Американците го одобруваат начинот на кој Трамп владее, што е најниска поддршка во изминатите 70 години од мандатот на претседателот Двајт Ајзенхауер.

Додека 22 проценти од испитаниците изјавиле дека се убедени дека Трамп работи исправно, што е најнизок забележан процент досега, а 45 отсто се изјасниле дека не го поддржуваат.

Поддршката за Трамп од март наваму е намалена за четири отсто, а во однос на февруари падот изнесува седум проценти.

Трамп бележи значителен пад на рејтингот кај жените и Јужноамериканците.

Анкетата покажува поделеност по партиска припадност. Дури 86 отсто од републиканците го поддржуваат Трамп, а 93 проценти од демократите не се задоволни од неговата работа.

Поддршката кај независните гласачи изнесува 31 отсто, што е најниско ниво како и во првиот мандат.

Според анкетата, јавната доверба во способноста на Трамп да се справува со најгорливите прашања исто така опаѓа. Само 39 проценти од испитаниците изјавиле дека се задоволни од тоа како Трамп се справува со економијата, што е пад од пет отсто во споредба со март.

Довербата во неговото справување со инфлацијата е намалена за девет проценти на 35 отсто, исто како и поддршката за царинските мерки.

Само околу 52 отсто од испитаниците изразуваат доверба во неговото раководење со економијата, што е намалување за 13 проценти во споредба со декемвриската анкета на Си-ен-ен.

Во исто време, намалено е и нивото на оние што го одобруваат неговото управување со федералната влада – 42 отсто, а довербата во неговиот избор на кадри е намалена на 46 проценти.

Резултатите од анкетата покажуваат дека мнозинството Американци (57отсто) оцениле дека пристапот на Трамп кон претседателството непотребно ја ризикува безбедноста на државата, додека 43 проценти го гледаат ова како неопходен шок за Вашингтон.

Анкетата на Си-ен-ен e спроведена од 17 до 24 април при што се онлајн или телефонски се испитани 1.678 возрасни лица во САД.

Back to top button
Close