Јанкулоска сведочеше за сефовите во ВМРО: Некогаш донаторите ги даваа парите на Груевски

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска денеска на барање на Обвинителството сведочеше на рочиштето “Плацевите на Водно”, односно за тајниот имот на екс премиерот Никола Груевски.

Таа од обвинителката Лиле Стефанова беше распрашувана за начинот на кој се финансирала ВМРО-ДПМНЕ, во насока да се докаже тезата на обвинителството дека Груевски парите за плацевите на Водно ги обезбедил од партиската каса, пренесе Фокус.

Јанкулоска истакна дека таа може да зборува за периодот кога таа била генерален секретар на партијата, во периодот од 2004 до 2006 година.

Јанкулоска истакна дека таа може да зборува за периодот кога таа била генерален секретар на партијата, во периодот од 2004 до 2006 година.

 

– Партијата во тој период имаше сериозни потешкотии во обезбедување на финансиски средства. За разлика од регулативата која е денес, партиите да се финансираат од буџетски средства, тогаш не беше така. Тогаш се финансираше преку донации, односно на доброволна основа ги даваа физички лица, рече Јанкулоска.

Таа појасни дека дел од донаторите сакале да бидат анонимни.

Повеќе

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close