Анонимен маж донирал 30 милиони долари во турската амбасада во САД

Анонимен маж во САД донирал 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија, изјави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој ја објави веста на Твитер.Шариф објави дека донаторот е Пакистанец.

„Длабоко сум трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша премиерот на Твитер.

„Ова се толку величествени дела на филантропија кои му овозможуваат на човештвото да триумфира над навидум непремостливите околности“, додаде Шариф.

Турската државна новинска агенција Анадолија ја потврди веста.

Back to top button
Close