Апасиев бара Собранието да ги отвори вратите за мајките да ја следат интерпелацијата на Тошковски

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со јавна објава на Фејсбук повика Собранието да ги отвори вратите за семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани за во живо да ја следат интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Зошто денес да не ги пуштиме мајките на загинатите деца од Кочани кои протестираат во Скопје, во живо да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Тошковски, (кој го посочуваат за селективна истрага)? Согласно Деловникот на Собранието, граѓанин може непосредно да ја следи пленарната седница од Галеријата – напиша Апасиев.

Пратеничката група од Левица поднесе интерпелација против Тошковски и истата денес е на дневен ред на седница во Собранието. Семејствата на загинатите ќе излезат на протест во Скопје кој ќе почне пред Обвинителството за да бараат одговори за трагедијата во која загинаа нивните најблиски.

Back to top button
Close