ВИДЕО: Апасиев „бега“ од кафе со Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето на емисијата „Прашањето ми е следно“ на порталот „Инфомакс“, изјави дека се залага за окрупнување на опозицијата против актуелната влада. Но, во дел од разговорот, објасни дека лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, избегнува да се сретне со него, пренесе 360 Степени.

„Го побарав, да се видиме, каде сака, кај нас, на јавно место, кај нив, каде сака кафе да испиеме. Ми рече дека не може, е зафатен со подготвување амандмани, тогаш за онлајн седницата. Другиот ден го видов како пие кафе со Стојанче Ангелов. За мене немаше, еве јас сум ВМРО-ДПМНЕ, имаме ние 44 он има два пратеника. Еве до ден денес чекам, ми рече ќе те побарам, од тогаш помина месец и пол, ме нема побарано. Еве, повторно во вашата емисија го реактивирам моето барање, ајде да седнеме сите да се договориме и да го поразиме овој. За доброто на Македонија зборувам – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

И во друг дел од интервјуто, одговорите на Мицкоски оставија впечаток дека односите меѓу најголемата и најмалата опозициска партија не се добри.

Back to top button
Close