Апелација ја укина ослободителната пресуда за Латас за куќите во Зелениково

Апелациониот суд по жалба на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, ја укина ослободителната пресуда за Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Звездан и Срѓан за нелегално изградените куќи во Општина Зелениково, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

Тој предмет наречен „Тревник“ го застапуваше Елизабета Јосифовска, сега обвинителка во Кичевското јавно обвинителство.

Порталот пишува дека ослободителната пресуда е укината поради суштинска повреда на постапката и поради нецелосно утврдена фактичка состојба. Предметот е вратен на повторно судење, и по правило треба да го почне истиот судија.

При изрекување на пресудата во јули 2019 година, судијата кажа дека немало пријава за бесправно градење ниту од граѓанин, ниту од државен орган, а немало ниту решение за уривање.

Back to top button
Close