Јапонија ќе ги модернизира пристаништата и аеродромите за да можат да се користат и за воени цели, објави јапонски весник

Владата на Јапонија развива програма за модернизација на цивилните аеродроми и пристаништа на сметка на државниот буџет, за да можат непречено да се користат од воени авиони и воени бродови во случај на итна потреба, објави јапонскиот весник Јомиури.

Посебно внимание се очекува да биде посветено на најјужната префектура Окинава поради близината со Тајван, област каде, според Токио, постои опасност од вооружен конфликт. Во областа има само два цивилни аеродрома со писти од 3.000 метри каде што може да слетаат тешки воени транспортни авиони. Пристаништето на јапонскиот остров Инагуни, на 110 километри од Тајван, не може да прифати воени бродови.

Се очекува модернизацијата на оваа инфраструктура да започне веќе во наредната фискална година на товар на државниот буџет.

Нацрт-воениот буџет за фискалната 2023 година вклучува повеќе од 90 ставки без да се прецизира износот на специфичните резервации, што ќе ги направи реалните трошоци за потребите на вооружените сили значително повисоки од наведените во документот. Се очекува таа сума за првпат да надмине 1еден отсто од бруто домашниот производ на државата.

Back to top button
Close