Јапонија крена ловци за да следат движење на два кинески бомбардери во близина на островот Окинава
Јапонското Министерство за одбрана денеска соопшти дека активирало борбени авиони за да придружуваат два кинески бомбардери, што летале меѓу островите Окинава и Мијако, пренесуваат британските медиуми.
Кинески борбени авиони „Х-6“ биле забележани како летаат низ теснецот меѓу југозападните јапонски острови Окинава и Мијако, соопшти Министерството.
Една од најголемите американски воени бази во Азиско-пацифичкиот регион се наоѓа токму на островот Окинава