Јапонската национална авиокомпанија е погодена од кибернапади – откажани повеќе од 20 домашни летови

Националниот јапонски авиопревозник „Јапан ерлајнс“ соопшти дека се соочува со кибернапад што може да влијае на домашните и на меѓународните летови.

Најмалку 24 домашни летови доцнеа до еден час, а проблем имаа и некои меѓународни летови.

Според извештаите, проблемите во делот на системот што се користи за пријавување на багаж почнале да се појавуваат околу 7:25 часот по локално време, принудувајќи ја компанијата да ја запре продажбата на билети за домашни и меѓународни летови до крајот на денот.

Вториот јапонски авиопревозник, соопшти дека неговите системи не покажале знаци на кибернапади.

Претходно неделава, „Американ ерлајнс“ ги суспендираше сите летови за околу еден час поради дефект поврзан со мрежен хардвер.

Back to top button
Close