Јапонската полиција уапси 111 лица во акција против онлајн злоупотреба на деца
Националната полициска агенција на Јапонија соопшти дека во координирана акција против онлајн сексуална злоупотреба на деца уапсила 111 лица на возраст од 14 до 68 години.
Акцијата, спроведена во февруари и март, беше дел од меѓународна истрага во која учествуваа Сингапур, Јужна Кореја и Хонг Конг, пренесе агенцијата Кјодо.
Дел од уапсените беа идентификувани преку размена на информации со странските истражни органи, што ја потврдува важноста на меѓународната соработка во борбата против вакви кривични дела.
Во рамките на истрагата, спроведена од 24 февруари до 28 март, уапсени се вкупно 544 лица во Јапонија и другите земји-учеснички.
Според јапонската полиција, приведените се поврзани со случаи на поседување и дистрибуција на детска порнографија, а меѓу нив има и наставници, предавачи и вработени во компании, како и малолетници.
Јапонските власти најавија продолжување на активностите за спречување на вакви кривични дела