Аргентина е Светски шампион,трет пат во својата историја

Аргентина ја освои својата трета светска титула, победувајќи ја Франција на пенали со 4:2 по неверојатните 120 минути во кои беше 3:3, за Лео Меси, конечно, да ја круниса својата фантастична кариера со најголемиот трофеј во фудбалот.

Петти пат во историјата на светските првенства, финалето отиде во продолженија и Аргентина повторно поведе во 109. минута преку Меси.

Финалето доби на дополнителна возбуда кога за Франција беше досуден уште еден пенал, што Мбапе го претвори во ново израмнување во 118. минута. Тоа е прв хет-трик во мундијалските финалиња од 1966 година, но овојпат, победникот го решаваа пенали.

Back to top button
Close