Арсенал го донесе англискиот репрезентативец Вајт за 50 милиони фунти
Членот на англиската фудбалска репрезентација Бен Вајт (23) е нов фудбалер на премиерлигашот Арсенал, соопшти денеска клубот од северен Лондон.
Англиските медиуми пренесуваат дека Вајт потпишал петгодишен договор со Арсенал, а трансферот од екипата на Брајтон изнесува 50 милиони фунти.
Вајт минатата сезона одигра 36 натпревари во Премиер лигата за Брајтон, а по повредата на Трент Александер – Арнолд беше повикан во англиската репрезентација со која пред три недели го освои второто место на ЕУРО2020.
– Бен беше нашата клучна мета за ова лето. Тој поседува голем квалитет и затоа сме возбудени што ни се приклучува во тимот, изјави за клупскиот сајт, техничкиот директор на Арсенал,