Арсовска бара Славески итно да го свика советот, а управниот одбор на ЈСП да си поднесе оставка

Од Градот нагласуваат дека законски рок за исплата на платите е до 15 текот на месецот, а дел од менаџментот на ЈСП одлучил дека треба со манипулации и подбуцнување на дел од вработените да го остави градот без јавен превоз со образложение дека се доцни со исплата на плати.

Одлука за пренамена на средства за исплата на незадоцнетите плати е изготвена уште вчера, и апелираме претседателот на Советот на град Скопје да ја закаже седницата во најкус можен рок, повикаа денеска од Град Скопје.

Оттаму нагласуваат дека законски рок за исплата на платите е до 15 текот на месецот, а дел од менаџментот на ЈСП одлучил дека треба со манипулации и подбуцнување на дел од вработените да го остави градот без јавен превоз со образложение дека се доцни со исплата на плати.

– Ги повикуваме советниците од Советот на град Скопје уште веднаш, денес, да закажат вонредна седница на Советот како би можело веднаш да се изгласа ова решение и веќе утре вработените во ЈСП да ги добијат своите плати, кои, ќе бидат исплатени во рамки на законскиот рок, а не задоцнети – велат од Градот.

Оттаму апелираат до оние кои ги инструирале дел од т.н. синдикалци да им обезбедат правна помош, бидејќи спротивно на Законот за јавни претпријатија и работнички права денес ја попречиле работата на ЈСП без притоа да пријават штрајк и да формираат штрајкувачки одбор со што согласно чл.35 од горенаведениот закон се и кривично одговорни.

– Одговорност мора да има, па затоа ги повикуваме и членовите на управниот одбор на ЈСП назначени по предлог на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат неотповикливи оставки поради доведување во заблуда на дел од вработените во претпријатието и предизвикување на прекин на работните задачи на вработените. Одговорност ќе бараме и од членовите на управниот одбор – велат од Градот

Back to top button
Close