Арсовска постигна нов договор со „огнената група“ од ДУИ: Средното економско „Арсени Јовков“ првпат добива директор Албанец

????????????????????????????????????

 

По првпат средното економско училиште „Арсени Јовков“ во Скопје ќе добие Албанец за директор, ексклузивно објави Алсат-М.

Телевизијата неофицијално дознава дека именувањето на Назми Рамани за директор на училиштето доаѓа како резултат на постигнат договор меѓу „огнената група“ на ДУИ и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Назми Рахмани досега ја извршуваше функцијата помошник-директор во ова училиште.

Арсовска претходно ги именуваше Саид Саид и Зухејр Реџепи од ДУИ за нови в.д. директори на јавните скопски претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ на местото на претходните од ВМРО-ДПМНЕ.

Се работи за членови на крилото во ДУИ познато како „огнена група“ која неодамна со отворено писмо побара промени во партијата.

Back to top button
Close