“Јас сум доктор, ќе ми се обраќате со почит” Таткото на детето-убиец викал во судот и инсистирал дека не е одговорен

Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“, на вчерашното судење по обвинението дека го научил синот да пука со пиштол и лесно му го оставил на располагање оружјето со кое го извршил масакрот, презентираше срамна одбрана.

Инсистирал дека „не може да прифати дека некој него го смета за одговорен за тоа што се случи на 3 мај!?“, дознава „Блиц“.

При изнесувањето на својата одбрана, Ненад Стефановиќ, главен јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, му поставувал прашања.

Како што дознава „Блиц“, Кецмановиќ на почетокот на рочиштето им изразил сочувство на семејствата на убиените деца, а потоа се бранел дека направил се за да обезбеди оружје, дури и повеќе од она што го предвидува законот.

Избегнувал да одговори како момчето убиец стигнало до оружјето

На прашањето на главниот јавен обвинител, како неговиот син го земал пиштолот и убил 10 лица, а ранил уште петмина, тој експлодирал, избезумено почнал да раскажува пред судот како обвинителот не го почитувал и го навредувал.

– Цело време нагласуваше дека е лекар и дека цел живот луѓето му се обраќале со почит и благодарност – вели извор на „Блиц” запознаен со случајот.

Меѓутоа, на прашањето како момчето убиец успеало да дојде до оружјето, Владимир Кецмановиќ не дал никаков одговор. Додека ја образложувал својата одбрана, родителите на убиените деца биле во судницата. Откако завршило судењето, ја напуштиле судницата видно вознемирени.

Својата одбрана денеска треба да ја изнесе Миљана Кецмановиќ, мајката на момчето убиец.

Back to top button
Close