АУДИО: Се појави нова „бомба“, објавувачот тврди дека се однесува на Заеви

На Јутјуб каналот со име „Вице Мафијашот“ се појави нова аудиоснимка со наслов „Вице даде зелено светло да запалам коли“, во која се слуша разговор помеѓу две машки лица.

Пред да почне аудиоснимката, на почетокот на видеото на Јутјуб се наведува дека разговорот го водат Стојче Чифлигароски, кој е претставен како „сопственик на СВ Инвест, фирма параван на семејството Заеви за тендерите во РЕК Битола“ и Горан Димовски Тушникот од Битола.

Во снимката се слуша како лицето претставено како Тушникот од Чифлигароски бара да му пуштат пари за да може да работи и објаснува како дошло до ситуација да е „блокиран“. Во разговорот тие споменуваат и лица Вице и Трајче за кои авторот имплицира дека станува збор за членовите на семејството Заеви.

Тушникот во еден дел кажува и дека на некое „дете Чаки ќе му се запали колата“, за што добил и зелено светло.

Содржината на разговорот е следна:

Тушникот: Е Стојче бе, машинерија уба еј … Што праиш, арен си? Добра кола, еј, многу добра

Чифлигаровски: Не е моја бе, на жена ми е

Тушникот: Е тоја е, на чена ти чим е, на кој е? Истото е

Чифлигаровски: Што праиш бе брат?

Тушникот: Добро бе брат слушај сега. Имам една стратегија, со Рашо бев Струмица ис Вицето само му кажа преку телефон, јас ќе се видам вторник или среда со него. Скопје ме викна. Има тука многу 5-6 души, брат, кои хаос прават. Ме разбираш. Почнаа да се заканват. Јас си направив моја екипа, затоа неќам да ме гледаат лево десно, утре да не дојде нешто со мене, да нè спојат неќам. Сфаќаш?

Чифлигароски: Така, така

Тушникот: Значи вака е работата … Јас тие мора да ги средам, сфаќаш? Тој Чаки, кола, све, ќе му се запали овие денови. Многу ја претера, многу …

Чифлигароски: Кој?

Тушникот: Чаки едно дете го викат, од ВМРО е, така главен му е таму. Ќе го потиснам јас убаво.

Чифлигароски: Добро

Тушникот: И не само тој, има многу низ градот. Ќе ги средам јас сите, зелено светло ми е даено

Чифлигароски: Така

Тушникот: Рашо го знаеш ти, така?

Чифлигароски: Го знам бе, како не

Тушникот: Ми е другар таму се дружевме 24 сати заедно, и така. Друго сакав да ти кажам. Да ти ја кажам првин сторијата моја на кратко, сакам да ти кажам после шо е работата … Значи јас бев Струмица, заработев некои 30-40 илјади евра. Правевме некои работи, адвокатот, нема врска … Еден Турчин го извадовме од притвор. Го имаа пикнато, тој нè почасти, еден сат мене убав многу ме почасти 30 илјади евра е тој нема врска.

Чифлигароски: Добро

Тушникот: И работата е, вложваше, една фабрика направија за канабис и за она за плантажи. Цело време заедно и на крајот, реално ќе ти кажам тебе, на крајот се потскараа со Трајче. И Трајче му даде црвен картон, му ги стопира сите работи и тој не може повеќе таму да работи со тоа. Е сега, што е, во оваа работа целајас испаднав заебан, сега ќе ти кажам зошто…

Повеќе

Back to top button
Close