Јавете се на главна каса


Ана Чупеска

По кој знае кој пат, при својата посета една особено важна политичка личност каква што е господинот Франк Валтер Штајнмаер, претседателот на Германија, не го изостави праќањето на порака до опозицијата : да не се оттргнува од европскиот пат кој земјава го трасира веќе 30 години.

Или, да не се остапува од стратешката цел за евроинтеграциите. Претходно, вакви отворени пораки пристигнаа и од други високи претсавници на Унијата, а особено гласни и јасни беа оние на Урсула Фон Ден Лаиен, Оливер Вархеи, Ирхан Кукуќ, но, такви упатства пристигнуваат редовно и од американските дипломати, како и од другите пријателските земји на РСМ.

Сите тие ја молат нашата опозиција да не си игра играчки со процесот на проширувањето и со европската перспектива на македонските граѓани. Нема речиси ниту една седмица да пројде без да пристигне опомена до опозицијата или без да биде замолена уважената наша опозиција за битноста на евроинтеграцискитот процес на земјава и за поширокиот безбедносен констекст во врска со тоа. Но, џабе.

Опозицицијата не би била опозиција, а да не дејствува крајно неодговорно и загрижувачки неконструктивно по однос на ова прашање. И освен што отворено кокетира со врховистичко мусолинистички фашистички нарации, ова повеќе не е проблем вреден само за нас овде, туку, очигледно постанува проблем и за Унијата, и за САД , и за НАТО (особено после одлуките содржани во Мадридската Декларација од Самиот што се одржа неодамна).

Прашањето на проширувањето што нашата опозиција постојано го става во залог, со што го јакне евроскептицизмот и го условува со избори и со разни други “барања” и гаранции, накратко станува загрижувачко прашање и за сојузниците на земјава.

Дотолку повеќе што, се чини дека се свесни оти со оваа деструктивна позиција , замаскирана со идентитеските прашања (не го даваме името и јазикот, и слични ми ти некои глупости кои не се ни предмет на преговорите, а ниту пак биле) има капацитет за регионален инфектит, а упорно го прави тоа со цел да се факторизира. Колку површно и без визија…

Ова оди до таму што дури делуваат спротивно на платформата на сестринските ЕПП , имајќи ја предвид важноста на “безбедноста” во конзервативниот блок. Сепак, на ова вмровско лигавење и калимеро политиканство; патос дека “сме загреота”, ете дури и рефелескно му се излезе во пресрет, и тоа ни помалку ни повеќе туку во самиот Европски Парламент, каде со 502 гласа , а на предлог на Пицула, се усвои Резозлуцијата за стратегијата за следното проширување на ЕУ. Но, по повод оваa ете толку посакувана и барана од опозицијата гаранција, а конечно преточена во Резолуција на ЕП, сеуште опозицијата абер нема да покаже слух.

Верувам, добро се информирани во опозицијата што значи кога некој како ЕП резолутно ќе донесе одлука. Или, што е поголема гаранција од оваа да во Европскиот Парамент биде поставен дедлајн за завршување на преговорите и наш прием во ЕУ. Што, Ве молам ?! После овој документ, логично би било ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во сите потребни политички и реформски процеси, вклучувајќи ги уставните измени.

Ова од причина што и самиот дедлајн (читај гаранцијата која ја бараа!): 2030, изискува сеопшта ангажираност на сите нас – значи изизкува и ангажираност на опозицијата ! По овој јасен сигнал дека сме ставени на брзата лента за интеграција, не би смеело да не надвладее ширењето на песимизмот, и пак да запаѓаме во патетични драмолетки.

Напротив, заеднички треба да направиме се за да покажеме одлучност и спремност да ги спроведеме пред се структуралните промени во општеството кои сами по себе ефектуираат особено важни вредности за граѓаните.

Па така, ако има некој разумен во опозицијата ( а знам дека има такви, лично ги познавам, срамежливо дошепнуваат дека не се согласуваат со опозициаките актуелности) нека се јави во ВМРО ДПМНЕ на главна каса и кај ИК со една државно центрична иницијатива за манифестирање на конструктивно делување во поглед на македонската европска иднина.

Back to top button
Close