Авион на српската армија со медицински персонал полета кон Скопје за евакуација на повредени од пожарот во дискотека во Кочани

на српската армија со четворица лекари и четворица медицински техничари се упати кон Република Северна Македонија за медицинска евакуација на повредените во синоќешната несреќа во Кочани, јави МИА од Белград.
Планирано е со тој авион да се евакуираат 12 пациенти, кои ќе се лекуваат во ВМА и Клиничкиот центар на Србија, соопшти српското МО.

Двајца пациенти кои со воени амбулантни возила биле пренесени од Северна Македонија се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. Тројца пациенти се превезуваат со брза помош и ќе бидат примени на ВМА.

За да им се пружи помош на повредените, планирано е во Северна Македонија да останат двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог), како и медицински техничар-инструментар.

Back to top button
Close