Авион се урна врз автопат, смачка три автомобили
Мал авион се урна на автопатот во Викторија во американската сојузна држава Тексас, јавуваат американските медиуми.
Авионот во кој бил само пилотот, при падот удрил во три автомобили, по што едно возило се превртело. При падот се скршил на половина, оставајќи остатоци расфрлани на патот.
Локалните медиуми јавуваат дека четири лица се пренесени во болница, од кои едно лице е тешко повредено.