Авионот од Швајцарија пренасочен кон Софија, не може да слета на скопскиот аеродром!

Авионот на ВизЕр (Airbus A320-232) кој од Базел, Швајцарија требаше да слета на скопскиот аеродром, е пренасочен.

Според веб страницата Flight Radar, тој е пренасочен кон соседна Софија, Бугарија.

Претходно, од ТАВ Македонија истакнаа дека авиолинијата Скопје – Истанбул утрово ќе се реализира со задоцнување односно авионот на „Пегазус“ што требаше да слета во Скопје во 9.55 часот, е одложен за 12.05, а пролонгирано е и неговото враќање за Истанбул од 10.50 во 13.00 часот

Back to top button
Close