„Јавна Соба“ стигна и до Србија

Апелите, предупредувањата и најавите за строги санкции никако да допрат до членовите на „Јавна Соба“ кои мигрираа во друга група каде потанаму споделуваат фотографии и клипови а тука сега членуваат и државјани до Србија, информира Телма.

МВР веќе контактирало со српските колеги а првичните официјални информации дека во оваа група најмногу се споделуваат фотографии и видео клипови од жртви од Србија.

Од „Телеграм“ кој одбиува да соработува во делот на документирање и идентификување на членовите е побарано да ја затвори и оваа група.

Засега нема нови приведени во врска со овој скандал. Од МВР велат дека имаат идентификувано уште членови на групата за кои се собираат докази пред да бидат приоведени.

Оттаму не откриваат дали четворицата членови кои веќе беа приведени соработувале но нивните телефони кои се запеленти содржат многу детали неопходни за истрагата.

По жестоките реакции во јавноста министерството за правда реагираше и го подготви теренот за воведување на кривичното дело „демнење“ кое ќе биде дефинирано во членот 144 од кривичниот законик.

„Тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг или настојува да воспостави несакан контакт во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“ – велат од МВР.

Во среда во Скопје ќе се одржи граѓански протест за поддршка на жртвите во оваа група а организаторите најавија дека ќе бараат од јавното Обвинителство и МВР брзо и темелно да го реши овој случај, да ги идентификува администраторите и членовите кои постирале слики и видео записи и најстрого да ги казни.

Пред точно една година за прв пат јавноста слушна за групата „Јавна соба“. Тогаш креаторот и администраторите беа идентификувани од МВР на чие барање „Телеграм“ ја затвори групата но во Обвинителството се уште тече предистражната постапка.

Back to top button
Close