Австралија без Кирјос на Дејвис купот

Финалистот на годинешниот Вимблдон, Ник Кирјос, нема да настапи за репрезентацијата на Австралија на претстојните дуели во Дејвис купот, соопшти денеска австралиската Тениска федерација.

– Ќе беше прекрасно да го имавме Ник во тимот, но за жал тој не е достапен за овие натпревари, изјави селекторот на Австралија, Лејтон Хјуит.

Австралија во Хамбург од 13 до 18 септември ќе игра во групата Ц заедно со домаќинот Германија, Франција и Белгија, а на списокот на селекторот Хјуит се Алекс де Минор и Танаси Кокинакис, како и Метју Ебден и Макс Персел во двојки.

Ник Кирјос нема настап за Австралија во Дејвис купот од 2019 година.

Back to top button
Close