Австријците со остар одговор на Орбан: Голема Унгарија престана да постои пред 100 години

Австриското Министерство за надворешни работи реагираше откако унгарскиот премиер Виктор Орбан се појави со шал со мапа на „Голема Унгарија“.

– Накратко разгледавме историски карти во Министерството за надворешни работи во Виена, што го потврди нашиот првичен сомнеж. Кралството Унгарија, дел од Австро-унгарската монархија, престана да постои пред приближно 100 години. Во најкраток можен рок ќе ги информираме нашите унгарски соседи за развојот на оваа ситуација – соопштија од министерството.


 

Да потсетиме, имаше реакции и од Украина, Романија и Хрватска, чии делови „поседува“ на Орбан.

Потсетуваме, Орбан му честиташе на Балаш Џсуџак кој се повлекува од унгарската фудбалска репрезентација, а во објавеното видео јасно се гледаат мотивите на „Голема Унгарија“.

Ова е продолжение на политиката што ја спроведуваат Виктор Орбан и неговите функционери, нагласувајќи го жалењето за Трианонскиот договор и „неправедните“ граници на Унгарија.

Во мај 2020 година, Орбан на својот Фејсбук објави слика од глобус пред Трианон, на која има карта на Голема Унгарија, во која беше вклучена и Трансилванија.

извор: центармк

Back to top button
Close